Дома Трансфер зона Наместо во Милан, Бакајоко се сели во ПСЖ за 45 милиони

Наместо во Милан, Бакајоко се сели во ПСЖ за 45 милиони

Пари Сент Жермен може да го „украде“ Бакајоко пред носот на Милан, пренесуваат француските медиуми.

Бакајоко веќе подолго време се поврзува со трансфер во Милан, има договор со „росонерите“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Милан нуди 25 милиони евра, но Челзи не попушта и за слободата на Французинот бара поголема сума.

Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ и да го донесе Бакајоко на „Паркот на принцовите“.

„Светците“ се во потрага по квалитетен играч за врска, а Леонардо одлично го познава Бакајоко и веќе испратил понуда до Челзи.

ПСЖ го сака Бакајоко на едногодишна позајмица за 5 милиони евра со откуп следното лето за додатни 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…