Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години предводени од најголемата ѕвезда Елиф Елмас запиша победа над Швајцарија во квалификациите за Европското првенство.
Македонските млади надежи денес славеа победа со резултат 2:1. Иако имаше нагатива од еден гол разлика по првиот дел, на крајот сепак трите бода кои беа исклучителни важни останаа во Скопје.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Угриниќ ја доведе Швајцарија во водство во 33 минута од средбата, а со тој резултат се замина и на полувремето. Во вториот дел најпрво за изедначување погоди Трајановски после десетина минути игра во вториот дел, за после само пет минути Атанасов да погоди за целосен пресврт и победа.
Веќе во сабота на 11 ноември Македонија ја очекува нов натпревар против селекцијата на Белгија.