Дома Останати Тенис Надал: Тешко е да се победи Ѓоковиќ

Надал: Тешко е да се победи Ѓоковиќ

Вториот тенисер во светот полека се спрема за новата сезона во која како што самиот признава најтежок противник ќе му биде Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во октомври го смени Шпанецот на врвот на АТП табелата кој последниот дел од сезоната го пропушти поради повреда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанецот е спремен наскоро да заигра на егзибициониот турнир во Абу Даби каде што ќе игра и Ѓоковиќ.

Новак уште еднаш докажа колку може да биде тежок противник. Во 2018 година успеа да се врати врвот и против него е тешко да се игра, а уште потешко да се победи. Нашите натпревари секогаш се со полн интезитет, но тој е тенисер кој одлично го покрива целиот терен. Дефинитивно е еден од најтешките ривали кои сум ги имал до сега“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …