Дома Останати Тенис Надал се помачи, но победи – на чекор сме од супер пресметката во четвртфиналето на Ролан Гарос

Надал се помачи, но победи – на чекор сме од супер пресметката во четвртфиналето на Ролан Гарос

Како и што се очекува Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос откако попладнево нешто потешко од очекувањата беше подобар од Холанѓанецот Бокит Ван де Зандшулп со 6:3, 6:2 и 6:4.

Немаше проблеми Шпанецот во првите два сета кои лесно ги освои, но се помачи во последниот и тоа откак опвоеде со 4:0. Холандскиот тенисер се врати во игра откако освои три гема, а имаше и брејк-топка со која можеше да изедначи на 5:5. Сепак кога беше најпотребно Надал повторно го подигна нивото на игра и не дозволи да си направи проблеми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред потенцијалното четвртфинале со Ѓоковиќ Надал сега ќе игра проитив Аугер-Алисиме кој денес го совлада Филип Крајиновиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…