Ситуацијата со Новак Ѓоковиќ станува вистинска сапуница. Судот на судењето кое заврши утрово по средноевропско време донесе одлука да му се врати визата на Ѓоковиќ, меѓутоа властите повторно сакаат да го депотираат – ова го потврди братот на Ѓоковиќ, Ѓорѓе.
Неколку тенисери ја коментираат одлуката на Ѓоковиќ да му се врати визата, а најмногу внимание привлече онаа на Надал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Од спортска страна повеќе би сакал да не е тука, но судот го кажа своето и не е важно дали ја се сложувам со Ѓоковиќ за некои работи или не. Ја почитувам одлуката на судот“, изјави Надал.
Засега и покрај враќањето на визата неизвесно е дали Новак ќе може да остане во Австралија.