Вистинска драма се случува пред федералниот суд на Викторија.Според најновите информации, Новак Ѓоковиќ нема да може да остане во Австралија!
Имиграционата служба сака да го исфрли Новак од државата и покрај одлуката на судот која беше во корист на Ѓоковиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешка ноќ за целото семејство, тешки моменти за нас. Новак покажа дека е упорен и верува во себе и своите идеали. Се избори за цвелиот свет, од друга страна го имаме австралискиот систем, судијата кој донесе исправна одлука на основа на факти. Но, имаме информации дека министерот за внатрешни работи е над судот. Новак влезе во сериозен политички вртлог, народот во Австралија е несреќен затворени се од почетокот на пандемијата и дефинитивно ова е политика. Она што можеме сега е да се ангажираме и преку друштвените мрежи да ја пуштиме оваа вест – Новак сакаат повторно да го затворат! Тоа е последната информација, се консултираме со ПР службите за следните чекори. Тој сега е со адвокатите во просториите каде што се одвиваше судењето и се разговара за можните опции“, изјави братот на Ѓоковиќ, Ѓорѓе за телевизијата „Прва“.