Дома Останати Надал непобедлив во Париз: По 12-ти пат го освои „Ролан Гарос“

Надал непобедлив во Париз: По 12-ти пат го освои „Ролан Гарос“

Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е непобедлив на „Ролан Гарос“ и ја освои 12-та титула во Париз, откако во финалето славеше над Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1.

„Кралот на земјата“ одлично го отвори мечот, иако Тим прв дојде до брејк. Надал потоа возврати со два брејка и го доби првиот сет со 6:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во вториот сет двајцата тенисери лесно доаѓаа до гемови, но Тим ја искористи шансата за брејк на 5:5 и израмни на 1:1.

Во следните два сета Надал наметна свој ритам кој Тим не можеше да го следи и рутински ги освои за вкупни 3:1.

Надал дојде до својот 18-ти Грен слем и рекорден 12-ти на „Ролан Гарос“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…