Еден од најтрофејните тенисери во историјата, Рафаел Надал не е голем оптимист во однос на враќањето на тенисот после пандемијата со коронавирус.
Професионалниот тенис е суспендиран најрано до крајот на јули, а Шпанецот изјави дека сериозни проблеми стојат на патот на продолжување.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Од моја гледна точка, јас сум многу песимист дека може да се продолжи со нормална активност. Во тенисот, треба да патувате секоја недела, да престојувате во хотели, да одите во различни земји“.
„Дури и ако играме без публика, за да организирате настан ви требаат многу луѓе, што не може да се игнорира. На меѓународно ниво, гледам сериозен проблем“, истакна Надал.