Дома Фудбал Германија Награда за добрите резултати: Флик во Баерн до 2023 година!

Награда за добрите резултати: Флик во Баерн до 2023 година!

Баерн Минхен официјално соопшти дека Ханс Флик потпишал перманентен договор и ќе го води тимот до 2023 година.

Флик го презеде клубот од Нико Ковач во ноември, но со договор како привремен тренер до крајот на сезоната. Сега 55-годишниот стратег доби перманентен договор откако го врати тимот на победничките патеки.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Флик имаше 18 победи во 21 меч и го искачи на првото место на табелата со четири бода предност пред Борусија Дортмунд, додека во Лигата на шампионите стигна до 3:0 победа на гости кај Челси во првиот меч од осминафиналето, пред и тоа натпреварување да биде сопрено.

„Едвај чекам да ги завршам потребните задачи заедно со мојот тим и со фудбалерите. Разговорите со Карл-Хајнц Румениге, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ беа продуктивни и се покажа заедничката доверба. Сигурен сум дека можеме да оствариме многу заедно“, изјави Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…