Баерн Минхен е се поблиску до конечен договор со Јулијан Нагелсман, пренесува „Скај Германија“.
Во моментов се водат напредни преговори меѓу двете страни. Се очекува Нагелсман да ја одбие понудата на германската федерација и да потпише договор на три или четири години со Баварците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што е познато, пред нешто повеќе од една година Нагелсман беше изненадувачки отпуштен токму од тренерската функција на Баерн и беше наследен од Томас Тухел.
Со оглед на заминувањата на Оливер Кан и на Хасан Салихамиџиќ, 36-годишниот тренер нема проблеми со актуелното раководство во клубот, каде спортско-техничката моќ моментно е во рацете на Макс Еберл и Криштоф Фројнд.