Дома Фудбал Останато Нагелсман: Ги сакам Реал или Јувентус во осминафиналето

Нагелсман: Ги сакам Реал или Јувентус во осминафиналето

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман откри кои тимови ги сака за противници во ЛШ пред жребот во понеделник.

Најмладиот тренер во топ 5 лигите во Европа, и оваа сезона со Лајпциг обезбеди нокаут фаза во Лигата на шампиони, но не се плаши од фаворитите.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Мило ми е што ме прашавте кој клуб би го сакал за противник. Секогаш ги слушам химните на наредниот ривал, а Реал Мадрид и Јувентус имаат неверојатно убави химни, па би сакал еден од овие клубови. Ќе видиме. Би можел да им ги пеам химните, но не на перфектен шпански или италијански“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Снимка од друг агол: Како 172 см високиот Модриќ го спаси Милан

СЕ ИГРАШЕ првата минута од судиското продолжение на натпреварот помеѓу Милан и Наполи кога…