Младиот француски фудбалер, Осман Дембеле по само една сезона одлучи да ја напушти Борусија Дортмунд и ќе потпише за Барселона.
Дембеле беше одлучен ова лето да премине во Барселона која пред неколку недели покажа голем интерес за него. Французинот дури го напушти и својот клуб како знак на бојкот поради тоа што сака да од челниците на клубот да го пуштат да замине. Дортмунд на крајот попушти и заработи 150 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот клуб за повеќе од една година заработи преку 60 милиони евра на основа на 20-гоишниот фудбалер. Дортмунд до крајот на преодниот рок сака да ја донесе замената за Дембеле, а се чини веќе пронашле идеално решение.
Имено, Дортмунд покажа интерес да го донесе Јулијан Дракслер кој е вишок во ПСЖ по заминувањето на Нејмар. Оваа вест ги воодушеви навивачите на германскиот клуб кои веруваат дека Дортмунд ќе биде поквалитетен тим со Дракслер отколку со Дембеле.