Дома Фудбал Италија Навивачите не му веруваат на Наполи: Тажна слика вечерва на „Сан Паоло“

Навивачите не му веруваат на Наполи: Тажна слика вечерва на „Сан Паоло“

Фудбалерите на Наполи вечерва на домашен терен играат против Шахтјор во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Наполи во првиот натпревар во Украина беше поразен со 2:1 и вечерва мора да запише победа за да избегне емиминирање од Лигата на Шампионите. Италијанскиот тим по двомечот со Манчестер Сити и двата пораза вечерва мора да слави против Шахтјор кој е главен конкурент за второто место.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Сепак, изгледа дека навивачите на Наполи не се премногу расположени за вечерашниот натпревар. Според пишувањето на медиумите на Апенините вечерва „Сан Паоло“ ќе биде многу празен, бидејќи домаќините продадоа само 15,000 карти.

„Сан Паоло“ има капацитет од 60,000 места и во повеќето случаи е полн без разлика кој е гостинот. Но, изгледа дека навивачите на Наполи немаат премногу надеж дека нивниот тим ќе го продолжи натпреварувањето во Лигата на Шампионите на пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со се занимаваше освен со фудбал: Италијанците го враќаат Вокер во Англија

Кајл Вокер не остави впечаток на позајмицата во Милано, така што клубот нема да ја активир…