Италијанскиот стратег Антонио Конте од утрово и официјално е нов тренер на Интер.
Навивачите на Јувентус не можат да му простат на Конте што го избрал клубот кој им е најголем ривал за нова дестинација и бараат да се отстрани неговата ѕвездичка од стадионот на „старата дама“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѕвездичките на стадионот на Јувентус се во знак на почит кон легендите на клубот. Таму се најде и името на Конте и сега навивачите сакаат неговата ѕвездичка да биде отстранета.
Тие дури започнаа и петиција во која бараат клубот да им ја исполни оваа желба, а до сега според италијанските медиуми ја потпишале околу 3.000 навивачи.
„Антонио Конте беше сакан како капитен и исто така играше со срце. Тој стана тренер и освои неочекувана титула после седмото место. Подоцна замина на два дена пред почетокот на сезоната од причини кои не се баш јасни. Тоа не беше убава работа, но беше нешто преку кое може да се помени. Превземањето на Интер е нешто што не може да му биде простено“, стои во еден дел од петицијата.
Конте како играч во дресот на Јувентус одигра повеќе од 400 натпревари, освои пет Скудета и една Лига на шампиони. Подоцна како тренер три пати ја освојуваше шампионската титула.