Навивачите на Тетекс се незадоволни од она што се случува во таборот на еден од најстарите македонски клубови.
Фановите се незадоволни од новиот претседател, Мирче Блажески и новиот тим-менаџер на тимот Бојан Захариев.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Што се случува со нашата гордост ФК Тетекс?
Нашиот клуб на почеток на минатата сезона беше пример како со труд, љубов и малку пари може да се постигне добра работа. Клуб исполнет со еуфорија, без моќни спонзори, со млади и талентирани фудбалери и амбициозни тренери, на крајот од сезона Тетекс успеа да биде во топ 5 на табела во Втора МФЛ.
Откако Војо Тофиловски си замина од претседаелското место на негово место дојде Мирче Блажески кој бил избран за нов претседател на Фудбалскиот клуб Тетекс Тетово со него доведен за тим-менаџер е Бојан Захариев, кој бил во повеќе клубови низ Македонија, за него има повеќе негативни работи отколку позитивни.
*Според спортските медиуми постојат статии дека се работи за човек кој многу ветува а ништо не исполнува. Зошто новата управа крие дека позади тим менаџерот стои анонимен спонзор кој треба да го финансира Тетекс? Во Тетекс владее голем молк, зошто на официјалниот профил на Фејсбук после веста за новото раководство немаа вести за новини во тимот?!
Факт е дека фудбалерите си заминуваат секој дневно, а од Спортмедиа… дознавме дека капитенот Петар Митев, Дамјан Масевски и Гордијан Христовски не се повеќе дел од Тетекс. Ако продолжи трендот ќе ни се случи 2016 година, кога Тетекс остана без фудбалери и 5 до 12 ќе брка по истите да создаде тим за натпреварување.
Според наши информации, на фудбалерите им се нудат смешни услови кој ги одбиваат бидејќи подобро да бидеш келнер него фудбалер на Тетекс за жал. ФК Тетекс не ја заслужува оваа ситуација, ниту ние навивачи, ниту фудбалерите кој се во школата и кој ќе бидат дел на нашата гордост Тетекс.
Време е клубот конечно да се опорави, сите очекуваат силен Тетекс кој ќе се бори за влез во Прва лига, не за испаѓање во 3 лига! Напред Тетекс се реактивира, ќе ги следи случувањата во клубот, за доброто на сите и во интерес на ФК Тетекс, наспроти ќе ви бидеме трн у око!“, стои соопштението од навивачите.
Исто така тие споделија и искуство со Бојан Захариев ракометар на РК Аеродром.
„Би сакал да споделам едно искуство со Бојан Захариев. Прво кратко и јасно, направете сѐ што е во ваша сила да се тргне овој човек од клубот затоа што штетата која што може да ја нанесе за краток период, нема да може да се поправи со години.
Бев член на ракометниот клуб Аеродром, кога дојдоа вести од тогашниот газда на РК Аеродром, дека се формира нов клуб кој што ќе ги присвои подобрите ракометари од Аеродром, клуб кој што “има” богат спонзор од Данска и има амбиции за многу успеси. Па така, во 2018 се распаѓа РК Аеродром и се формира клубот на Захариев, РК Цемс 2018.
Потоа, како член на новиов клуб, прво не однесоа на припреми во камп во Струга, каде што отидовме без никаква клупска опрема и превоз платен од родителите на играчите (млади беа повеќето играчи). Таму ни се ветуваше дека наскоро ќе добиеме опрема како дресови, торбици, тренерки итн. но од сѐ тоа само добивме по две памучни маички.
Дојде време кога веќе почна лигата и почнавме да играме официјални натпревари по маички (бевме исмејувани од сите).
На страна опремата, не е ни толку битна.
На крај, Захариев почна да се жали дека спонзорот од Данска имал проблеми со праќање на пари и почна да бара пари за опрема и други ствари како плаќање на сала за тренинзи и судии за домашни натпревари од родителите. Дел од нив се сложија да му позајмат неколку илјади евра, додека демек спонзорот од Данска не прати пари, за на крај Бојан Захариев со парите да исчезне и никој веќе ништо да не слушне за него, сѐ до денес додека не прочитав дека има следна мета, ФК Тетекс.
– Содржината е искуство на поранешен ракометар на РК Аеродром.“