Ренџерси го освоија 55. наслов првак на Шкотска, после десет турбулентни години, во кои клубот беше изфрлен во четвртата лига.
Навивачите со нетрпение го чекаа овој момент, а целата ситуација околу коранавирусот не ги спречи да ја прослават титулата на улиците во Глазгов.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Над илјада навивачи на славниот клуб направија спектакл на улиците, околу стадионот Иброкс, но и во центарот на Глазгов, а со тоа се најдоа на удар на тамошните Власти и полицијата.
„Разбираме славје, но зарем титулата е поважна од здравјето во овој момент? Се бориме со лош вирус, не само Шкотска туку и целиот свет, а навивачите прават нешто вакво.“ – соопштија од градската полиција.
Официрот на шкотската полиција исто така жестоко реагираше.
„Разговаравме со водечките луѓе во државата. Ќе биде одржан итен состанок. Ги разбирам емоциите кон клубот, но не и вакво однесување. Ова можеше да се прослави кога ситуацијата тоа ќе го дозволеше. Сега мора секој ден да стравуваме, какви последици ќе предизвика ова славје.“