Лацио ја декласираше Сампдорија на „Олимпико“ со 5:1, но убедливата победа остана во сенка на срамното однесивање на навивачите.
Лацио игра во фантастична форма и денес стигна со рекордната 11-та победа по ред, па сега е само на еден бод од второпласираниот Интер на табелата и три помалку од лидерот Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лацио е големо изненадување во Серија А оваа сезона и предводен од фантастичниот Чиро Имобиле, кој има 23 гола во Серија А, би можел да се замеше во трката за Скудетото.
Меѓутоа, добрата игра на теренот остана во сенка на срамното однесување на навивачите на трибините кои скандираа: „Заниоло скокај со нас“.
Така навивачите ја исмеваа повредата на ѕвездата на Рома, кој минатата недела ги скина лигаментите на коленото и долго време ќе биде надвор од терените.
? Terza tripletta in maglia biancoceleste per @ciroimmobile!
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) January 18, 2020
? ⓀⒾⓃⒼ ⒸⒾⓇⓄ ? pic.twitter.com/44wWMEK5fb