Фудбалот во Европа полека се враќа, а неодамна беше потврдено дека сезоната во Англија ќе продолжи на 17. јуни.
Тогаш на програмата се два заостанати натпревари од 28. коло, а ќе се сретнат Манчестер Сити – Арсенал и Астон Вила – Шефилд. Натпреварите се играат од 21 часот и сигурно љубителите на фудбалот со нетрпение ги очекуваат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дербито помеѓу Сити и Арсенал е најдобриот начин за продолжување на сезоната после три месечната пауза.
За Арсенал ова е натпревар кој не смее да го загуби бидејќи се наоѓа на деветото место со пет бода помалку од петопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на место кое води во Европа.
Од друга страна, Сити е сигурен што се однесува на пласманот во ЛШ, но јасно е дека не сака со пораз да ја продолжи сезоната. Очекувањата од овој натпревар се големи и сигурно дека Арсенал има шанси да изненади посебно што натпреварот се игра пред празниот Етихад.
Сепак, обложувалниците не им веруваат многу на Топџиите дека можат да направат изненадување. Во понудите веќе можат да се видат коефициентите за овој натпревар, кои прилично ги изненадија навивачите на Арсенал.
Имено, за победа на Манчестер Сити е даден коефициент од 1.45, за нерешено 4.50, додека за победа на Арсенал високи 7.00.