Дома Фудбал Лига на шампиони Навас немаше своја вечер, Де Брујн и Марез режираа пресврт во Париз 🎥

Навас немаше своја вечер, Де Брујн и Марез режираа пресврт во Париз 🎥

Манчестер Сити денес со пресврт стигна до победа во првиот полуфинален натпревар против ПСЖ кои се играше во предност.

ПСЖ добро го започна имаше и предност во првиот дел. До водство домаќините стигнаа преку Маркињос кој со глава го „матираше“ Едерсон во 15. минута. Иако видовме уште неколку прилики и на двете страни во првото полувреме тоа беше единствениот погодок.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


До изедначување „граѓаните“ стигнаа после нешто повеќе од еден час игра, а најголем виновник беше голманот Кејлор Навас. Кевин Де Брујн испрати топка како центар шут во шеснаесетникот, но Навас направи лоша проценка и топката од Белгиецот заврши морежата. Само седум минути подоцна Манчестер Сити дојде до целосен пресврт. Конечните 1:2 ги постави Ријад Марез со гол од слободен удар.

На 15 минути до крајот работата на ПСЖ беше отежната и поради црвениот картон на Гаје.

Оваа победа од 1:2 секако е голема предност за Манчестер Сити пред реваншот кој ќе го играат дома, сепак да никој не смее да ги отпише „светците“ пред време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Љунгберг го критикува играчот на Арсенал по победата во Лигата на шампиони над Спортинг

Фреди Љунгберг изрази незадоволство од одбранбениот играч на Арсенал, Габриел Магалхаес, п…