Дома Фудбал Германија Му се сруши сонот да заигра на ЕП, но сега потпиша нов договор со Баерн

Му се сруши сонот да заигра на ЕП, но сега потпиша нов договор со Баерн

Aлександар Павловиќ пред почетокот на Европското првенство се повреди и отпадна од составот на германската репрезентација, но сега доби добра вест.

Баерн Минхен објави дека Павловиќ го продолжи договорот со тимот до 2029 година со што клубот потврди за него има големи очекувања во иднина.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


„Се надевам дека Алекс ќе биде еден од нашите најпрепознатливи и најважни играчи во наредниот период. Павловиќ е профил на играч како што клубот и навивачите посакуваат. Тој е роден во Минхен каде што стигна до првиот тим преку младинската академија и Баерн го носи во своето срце“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд.

„Сонував да настапам на ЕП на домашен терен, но тој сон беше уништен во последен момент. Сега сум среќен поради продолжувањето на договорот со Баерн и ова е сериозна потврдаза довербата на клубот“, истакна Павловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Модриќ беше запрашан дали се збогува со репрезентацијата. Еве што одговори

Репрезентацијата на Хрватска ремизираше со Италија 1:1 во последното коло од групата Б на …