Жозе Мурињо даде опширно интервју за „ BeIN Sports“, и за прв пат после заминувањето од Манчестер Јунајтед.
„Специјалниот“ доби отказ од кормилото на „црвените ѓаволи“ пред еден месец, а сега отворено говореше за проблемите кои ги имал на „Олд Трафорд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Мурињо не се прослави на „Олд Трафорд“, сепак смета дека во Манчестер Јунајтед го имал еден од најголемите успеси во кариерата.
„Јас лично мислам дека тоа што завршив втор со Манчестер јунајтед во Премиерлигата е една од најголемите постигнувања во мојата кариера. Има луѓе што ќе речат, „Па тој е луд… има освоено 25 титули…“ Но јас стојам зад ова што го кажувам бидејќи луѓето не знаат што се случуваше зад сцената. Кога луѓето се од оваа страна на камерата, ги анализираат работите од друга перспектива“, изјави Мурињо.
Мурињо порача дека се уште е млад и припаѓа на „топ фудбалот“.
„Сакам уште да работам. Млад сум, а во фудбалот сум долго. Наскоро ќе наполнам 56 години и имам намера да останам таму каде што припаѓам, во топ фудбалот. Примаѓам на самиот крем на оваа игра и таму ќе останам“, заклучи Португалецот.
На крајот Мурињо индиректно го „пецна“ Погба со кого беше во лоши односи во Јунајтед.
„Една фраза на Сер Алекс Фергусон засекогаш ќе ја паметам „денот кога играчот е поважен од клубот, тоа значи крај““.
Mourinho: “Sometimes we comment what we see, but we don’t know what’s behind the scenes and that’s what influences what we see. I consider one of the best jobs of my career to finish second with United in the Premier League.” #mufc [beIN] pic.twitter.com/cTBFOdj7Kk
— United Xtra (@utdxtra) January 17, 2019