Дома Фудбал Останато Мурињо ја одби понудата на Бенфика!

Мурињо ја одби понудата на Бенфика!

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо веќе неколку недели е без ангажман откако доби отказво Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ одлучија после лошите резултати да му се заблагодарат на Мурињо за соработката. Меѓутоа, тешко е да се очекува Мурињо подолго време да остане без работа и не е тајна дека веќе има неколку понуди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според шпанскиот весник „АС“, раководството на Бенфика сака да го види Мурињо како главен тренер по отпуштањето на Руи Виториа.

Сепак, таа желба нема да им се исполни, затоа што „Специјалниот“ ја одбил понудата на лисабонскиот клуб. Не е јасно дали Мурињо ја одбил понудата поради финансиски причини, или од спортски аспект.

Веројатно Португалецот ќе почека до лето, па тогаш ќе избере некоја од понудите кои сигурно ќе пристигнат на негова адреса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлеч…