Жозе Мурињо го кажа своето мислење за натпреварите од осминафиналето во ЛШ, како и за финалето, а веста не е добра за англиските клубови.
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед и Челси не гледа ниту еден клуб во финалето на ЛШ. Тој е убеден дека во финалето ќе се сретнат Јувентус и Барселона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Фаворити? Јас би рекол Јуве и Барселона. Сите зборуваат за Роналдо и Меси, но јас зборувам за Јувентус и Барселона.“ – изјави Мурињо во изјава за Калчомеркато.
„Англиските екипи, Ајакс и Порто исто така се добри екипи, но ја немаат истата количина на искуство. Кога ги имаш Роналдо или Меси, сигурно тоа ти дава дополнителен плус.“ – додаде поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед.
Инаку, Мурињо веќе подолго време е мета на шпекулации кога се работи за неговата иднина во кариерата. Се поврзува со многубројни клубови, а се чини дека е најблиску до враќање во Интер.
„Сакам да се вратам во јуни и да почнам припреми со некој клуб. Знам точно што е она што не го сакам сакам. Знам што сакам, не во смисла на некој клуб, туку на природата и обемот на работата“, гласеше изјавата на Мурињо дадена неодамна.
Многу веројатно е дека ќе видиме нов ангажман на Мурињо во текот на летото.