Дома Трансфер зона Мурињо спреми 35 милиони за Пјонтек

Мурињо спреми 35 милиони за Пјонтек

Криштоф Пјонтек минатата сезона беше вистинска сензација во Серија А, но оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на Милан.

Полскиот напаѓач игра слабо оваа сезона, а после доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ сигурно неговата минутажа драстично ќе се намали.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Поради тоа Милан е спремен да го продаде, а веќе почнаа да пристигнуваат првите понуди. Астон Вила е првиот клуб кој испрати понуда, но сега во трката за Пјонтек се приклучи и Тотенхем.

Мурињо е во потрага по централен напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Кејн, особено сега откако Англичанецот е повреден.

„Спортмедиасет“ пренесува дека Тотенхем веќе стапил во контакт со Милан и е спремен да понуди 35 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…