Дома Топ вести Мурињо се согласи на трампа: Ги бара ОВИЕ фудбалери од Реал

Мурињо се согласи на трампа: Ги бара ОВИЕ фудбалери од Реал

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го доенсе Давид де Геа на „Сантиаго Бернабеу“, а наводно и самиот голман им се поверил на пријателите дека сака да се врати во татковината.

Сагата околу неговиот трансфер повторно ќе биде актуелна следното лето, но Манчестер Јунајтед сигурно нема лесно да се откаже од фантастичниот голман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последните информации од Островот говорат дека Мурињо се согласил да го пушти Де Геа, но за возврат бара двајца фудбалери на Реал Мадрид.

Станува збор за Иско и Асенсио, кои оваа сезона добиваат мала минутажа и се спремни да ја променат средината.

„Марка“ пренесува дека Иско веќе решил да го напушти „Сантиаго Бернабеу“, додека Асенсио има многу понуди од Премиер лигата.

Останува да видиме дали Флорентино Перез ќе се согласи на барањата од „Специјалниот“, а доколку не успее да постигне договор, тогаш Реал ќе се насочи кон Тибо Куртоа од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…