Дома Фудбал Англија Мурињо се пошегува со Лукаку – Откри што му е потребно за да започне да постигнува голови

Мурињо се пошегува со Лукаку – Откри што му е потребно за да започне да постигнува голови

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се пошегува на сметка на Ромелу Лукаку откако Белгијанецот и вчера не се запиша во листата на стрелците.

По одличниот старт на сезоната, каде што на седум лигашки натпревари постигна исто толку голови, Лукаку западна во голгетерска криза и на последните седум натпревари во Премиер лигата има постигнато само еден гол и тоа против Њукасл (4:1). По синоќешната победа над Вотфорд (4:2), Мурињо на прес-конференцијата беше прашан за лошата форма во која се наоѓа неговиот напаѓач, а тренерот на Јунајтед даде и интересен одговор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мислам дека Лукаку треба да пронајде некој спонзор со кого ќе потпише голем договор. Како што знаете, во моментов го нема и игра во нормални, црни копачки. Би било добро некоја компанија да му подари вистински копачки и да му плати убава сума. Кога ќе најде спонзор, ќе започне и да постигнува голови. Во моментов е на чекање“, на шега изјави Мурињо, кој потоа стана сериозен:

„На Лукаку не му вршам притисок и не ми паѓа на памет да го критикувам поради шансите кои ги пропушти. Тој е голем професионалец и одличен колега, не можете да не бидете задоволни со него“.

Додека го чека новиот спонзор, Лукаку носи црни копачки од Најк со прецртано лого од оваа американска спортска компанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кој е еден од најголемите „симулатори“ во македонскиот фудбал? Ако влегува во шеснаесетникот – влегувај со него!

Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што најмногу зборуваше за ВАР сис…