Иако има 36 години, Лука Модриќ и понатаму е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид.
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска во Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем кога тренер беше Жозе Мурињо. Веднаш хрватскиот фудбалер не се вклопи во екипата, а подоцна почна да ја покажува својата класа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се што барам од навивачите на Реал Мадрид е на Лука Модриќ да му дадат малку време и да бидат трпеливи. Толку е добар што „Сантијаго Бернабеу“ ќе се вљуби во неговата класа“, изјави Мурињо за Модриќ во 2012 година.
Денес, 10 години подоцна гледаме дека Жозе бил во право.