Тренерот на Рома, Жозе Мурињо пред денешното дерби со Наполи ја презеде вината за дебаклот од Бодо Глимт во Конференциската лига.
Мурињо после поразот од 6:1 се пожали на лошиот избор на фудбалери, на што доби големи критики, па сега ја презеде одговорноста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас сум единствен виновникза тој пораз. Јас. Не е Жозе Мурињо гомнар. Имам голема почит кон сопствениците на клубот и управата. Се пишуваат лаги дека не ги почитувам сопствениците кои вложиле големи пари во овој клуб. Да се играше малку подолго би примиле седум или осум гола. Јас сум виновен“, изјави Мурињо.
„Јас одлучив со кој тим ќе играм, јас го одбрав тимот кој имаше голема шанса да го загуби мечот. Не мислев на резултатот, мислев на здравјето на своите играчи поради пренатрупаниот распоред. Направив грешка. Секако е подобро да загубите еден меч со 6:1, отколку шест со 1:0“, порача Португалецот.