Дома Фудбал Останато Мурињо: На Клоп не му се допадна менито – сакаше месо, а доби риба

Мурињо: На Клоп не му се допадна менито – сакаше месо, а доби риба

Еден од оние кои дадоа свој коментар за натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул беше и Жозе Мурињо.

Манчестер Јунајтед и Ливерпул ги поделија бодовите на „Олд Трафорд“ одигрувајќи 1:1, а Мурињо како често пати даде интересен коментар.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тој прво зборуваше за Јирген Клоп.

„На Клоп не му се допадна менито. Тој сака месо, а доби риба. Јунајтед играше со петмина во одбраната, беа цврсти и не му дозволија на Ливерпул да прави шанси во транзицијата. На Клоп тоа не му се допадна“, изјави Жозе.

Заклучи дека Клоп никогаш не победил на „Олд Трафорд“.

„На Ливерпул му недостасува квалитет да игра против екипи кои се бранат во ниски блок. Имаат фантастичен број победи, но се лиминитирани против екипите кои се бранат ниско, додека од друга страна ги разбиваат тимовите кои играат како што им одговара. Јирген очигледно беше фрустриран, беше тоа одлична шанса за неговата екипа, но „Олд Трафорд“ е посебно место, Клоп се уште не победил“, порача Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од ПСЖ поставија цена за Асенсио

Играчот на средниот ред од Пари Сен Жермен, Марко Асенсио, кој ја помина втората половина …