Дома Фудбал Англија Мурињо и Челзи се „скараа“ за Салах – Конте пресече

Мурињо и Челзи се „скараа“ за Салах – Конте пресече

Мохамед Салах оваа сезона покажа дека е еден од најдобрите фудбалери на светот, па многумина неможат да веруваат како Челзи се одлучил да го продаде во 2016 година.

Медиумите го вперија прстот кон Мурињо како главен виновник за продажбата на Салах, но „Специјалниот“ денес директно го обвини клубот од „Стенфорд Бриџ“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Луѓето зборуваат дека јас сум го продал Салах, но всушност е спротивно – јас сум тој што го доведе во Челзи. Мохамед дојде во Челзи многу млад, не беше подготвен во ниту еден поглед, физички, социјално, ментално, културно. Беше како изгубен, сè му беше тешко. Затоа одлучивме да ја задоволиме неговата желба да го дадеме под наем. Се согласив на тоа, а не да биде продаден“, изјави Мурињо.

Во одбрана на Челзи денес застана Антонио Конте, кој даде разумно објаснување за целата ситуација.

„Мораме да го споредиме Салах од пред четири години и денес. Денешниот Салах е многу подобар фудбалер. Многу напредуваше и искуството во Италија му помогна. Тој е сега сосема поинаков играч и тешко е да се донесе одлука“, изјави Конте.

Покрај Салак, Челзи во своите редови го имаше и Кевин де Брујн, кој е најзаслужен за шампионската титула на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…