Дома Фудбал Италија Мурињо изненади со изјавата по победата од 7:0

Мурињо изненади со изјавата по победата од 7:0

Рома вчера го победи Емполи со 7:0 и тоа највисоката победа на „волчицата“ откако Мурињо е тренер на овој тим.

Мурињо истакна дека неговиот тим имал добар настап, но не толку добар за да победи со толкава разлика.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интересно е што „специјалниот“ истакна и некои работи кои не му се допаднале.

„Добар настап, но не за 7:0. Сакавме да победиме, да победиме со комфорен резултат. Имаше подеми и падови, вклучително и во однос на кондицијата, па сите не беа подготвени да играат 90 минути со висок интензитет. Жал ми е за Емполи, но таков е фудбалот.

Понекогаш тоа се случува. Мене некои работи во играта на мојот тим не ми се допаднаа. Заедно со моите помошници ќе анализираме сè подетално подоцна“, изјави Мурињо по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал во англискиот фудбал: Судија осуден на 13-годишна затворска казна!

Професионалниот англиски фудбалски арбитер Гарет Викарс (47) е осуден на 13 и пол години з…