Познато е дека Жозе Мурињо е голем симпатизен на играта на Рафаел Варан и одамна сака да го донесе на „Олд Трафорд“.
Токму Мурињо беше човекот кој го донесе Варан во Реал Мадрид и го афирмираше, па сега презема конкретни чекори повторно да го доведе во својот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Варан моментално е со репрезентацијата на Мундијалот во Русија и не ја затвори вратата за трансфер во Манчестер Јунајтед.
„Имаше некои контакти, но не директни. Ќе видиме што ќе се случи после Мундијалот“, изјави Варан.
Варан заедно со Серхио Рамос е столб на одбраната на Реал Мадрид и „кралевите“ сигурно нема лесно да му дозволат да си замине.
Сепак, Мурињо не се откажува и го сака својот миленик по секоја цена.