Дома Фудбал Италија Мурињо го „пецна“ Интер: За Лукаку правите драма, а Чалханоглу од Милан е одличен трансфер!?

Мурињо го „пецна“ Интер: За Лукаку правите драма, а Чалханоглу од Милан е одличен трансфер!?

Жозе Мурињо на пресконференцијата пред дуелот со Славија Прага очекувано зборуваше за престојното дерби во Серија А против Интер.

Тоа ќе биде враќање за Лукаку на „Џузепе Меаца“ каде ќе биде пеколно пречекан, па Мурињо го обвини Интер за двојни стандарди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не знаев дека Лукаку бил толку важен за Интер. Неговото преминување во Рома е драма, а трансферот на Чалханоглу од Милан е одличен. За мене е изненадување Лукаку да има толку важна улога во историјата на Интер. Па тој таму освои само едно Скудето, има такви уште 200 играчи како него“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…