Иско го напушта Реал Мадрид ова лето како слободен агент, а според последните информации кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
Рома веќе испрати првична понуда и е во напредни преговори со неговиот агент, бидејќи во Иско гледа идеална замена за Михтарјан.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
30-годишниот плејмејкер е подготвен да ја прифати понудата од Рома, која му нуди договор на две години.
Иско во Реал премина од Малага во 2013 година и со „кралевите“ освои пет титули во Лигата на шампионите, трикратен шампион на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.
Мурињо верува дека ќе донесе искуство и квалитет во неговиот тим, па сигурно ќе биде големо засилување за Рома.