Дома Фудбал Мурињо го направи најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал

Мурињо го направи најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал

Јусеф Ен Незири стана најскапиот фудбалер во историјата на турскиот фудбал, бидејќи со трансферот од Севиља во Фенербахче го собори рекордот стар две и пол децении.

Турскиот тим плати отштета од 19.500.000 евра за мароканскиот репрезентативец, а сумата може да порасне уште повеќе бидејќи Севиља има 10% од следната продажба на Незири.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Како што веќе кажавме, ова е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот во Турција, а претходно во 2000 година Галатасарај за Жардел плати 17.050.000.

Дали доаѓањето на Ен Незири значи заминување на Един Џеко во сплитскиот Хајдук, кој е заинтересиран за неговите услуги, останува да видиме.

Под палката на Жозе Мурињо, Фенербахче успеа да го победи Лугано на гости со 4:3 во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…