Дома Фудбал Останато „Мундо Депортиво“ го откри составот за Барселона за денешното дерби

„Мундо Депортиво“ го откри составот за Барселона за денешното дерби

Фудбалерите на Барселона вечерва ќе играат на гости против Атлетико Мадрид во рамките од 10. коло во шпанската Ла Лига.

После репрезентативната пауза каталонскиот клуб сака со победа да ја продолжи сезоната, но јасно е дека ги очекува тешка задача. Играчите на Атлетико ќе бидат дополнително мотивирани бидејќи овој клуб повеќе од десет години не ја победил Барселона во Ла Лига.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Двата тренери во овие моменти имаат проблем со составите

Најголем проблем за Куман е што Серхио Бускетс нема да игра, тој се повреди во натпреварот за Шпанија и ќе биде отсутен неколку недели. Бускетс заедно со Де Јонг е играчот со најголема минутажа кај Куман, но Холанѓанецот сега ќе мора да пронајде ново решение.

Според информациите на „Мундо Депортиво“ вака ќе изгледа составот на Барселона: Тер Штеген, Дест, Пике, Ленгле, Алба, Де Јонг, Пјаниќ, Педри, Меси, Дембеле, Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најубавата фудбалерка во светот и Инстаграм ѕвездата денес потпишува за Јувентус!

Aлиша Леман која важи за најубавата фудбалерка во светот денес пристигна во Торино на потп…