Со уште 62 фудбалери во Катар, кои играат за 14 клубови, англиската Премиер лига е најзастапеното првенство меѓу осумте четвртфиналисти на Светското првенство.




И покрај изненадувачката елиминација на Шпанија во осминафиналето против Мароко, Примера е втората најзастапена лига со 30 играчи од осум клуба.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Иако Италија не успеа да се квалификува за Светското првенство во Катар, нивната Серија А е на третото место со 23 играчи кои играат за девет различни клубови.




Следува Лига 1 (18 играчи, осум клуба), со голема помош од Пари Сен Жермен, потоа Бундес лигата (17 играчи, осум клуба) и на крајот холандското првенство (11 играчи, три клуба).




На клупски план водат двата Манчестера, Сити и Јунајтед, кои имаат најголем број присутни играчи во Катар – по 11. На третото место се ПСЖ и Ајакс со по седум играчи.