Дома Фудбал Репрезентации Мудрик по натпреварот со Македонија: Никогаш не се сомневајте во мене!

Мудрик по натпреварот со Македонија: Никогаш не се сомневајте во мене!

Maкедонската фудбалска репрезентација вчера беше поразена од Украина со 2:3 и покрај тоа што на полувремето водевме со 2:0.

Еден од најдобрите на теренот во редовите на Украина беше Михајло Мудрик кој запиша две асистенции, за вториот и третиот гол.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„На теренот за овој натпревар излеговме неспремни, можеби бевме малку уморни. Сепак, покрај тоа што губевме со 0:2 верувавме дека ќе се вратиме. Знаевме дека мораме да одиме на се или ништо“, изјави Мудрик.

Иако очекувањата од него беа големи и во Челзи, но сепак имаше лоша сезона, а сега порача никогаш да не се соменваат во него.

„Никогаш не се сомневајте во момент. Многу сум среќен за голот на Конопља, вакви моменти имавме и во Шахтјор. Беше на вистинско место во вистинско време. Вториот гол? Ги гледав Ванат и Виктор (Циганков) и требаше да изберам на кого ќе ја додадам топката. Ванат не ми изгледаше најподготвен, па затоа додадов до Виктор и се покажа како одличен потег“, изјави еден од најдобрите украински фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Легенда веќе знае кој ќе игра во финалето на Лигата на шампионите: Тоа ќе биде вистински спектакл

Лигата на шампионите се врати, и веќе првата вечер љубителите на најважната споредна работ…