Дома Фудбал Англија Морган: Потсмевајте се, но Арсенал ќе беше шампион ако го доведеше Роналдо

Морган: Потсмевајте се, но Арсенал ќе беше шампион ако го доведеше Роналдо

Кристиано Роналдо во јануари го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Саудиска Арабија каде стана најплатен фудбалер во светот.

Португалецот јавно го нападна Манчестер Јунајтед во интервју кај Пирс Морган и беше во потрага по нов клуб, а негова желба беше да се пресели во Арсенал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според Морган, кој е голем навивач на Арсенал, 38-годишниот Португалец ќе завршел во Арсенал доколку „топчиите“ го побарале.

„Потсмевајте се колку сакате, но ако потпишавме со Роналдо кога си замина од Манчестер Јунајтед, како што тој сакаше до крајот на сезоната, ќе ја освоевме лигата. Тој знае како да освојува големи титули и да дава голови кога е најпотребно“, напиша Морган на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Богата понуда од Арабија за ѕвездата на Арсенал

Крилниот играч на Арсенал, Габриел Мартинели, може да премине во Ал-Наср, известува Goal. …