Дома Фудбал Италија Морати се враќа во Интер!?

Морати се враќа во Интер!?

Италијанските медиуми пренесуваат дека бившиот сопственик и претседател на Интер, Масимо Мората многу брзо би можел да се врати во клубот.

Постои реална шанса сегашниот претседател на клубот Ерик Тохир да ги продаде своите 31% акции од Интер на Масимо Морати, кој е спремен повторно да се врати и да биде дел од миланскиот гигант.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тохир во 2013 година го купи Интер токму од Масимо Морати, но минатата година го продаде мнозинскиот пакет акции на кинеската компанија „Сунинг“.

Сега Тохир одлучи комплетно да го напушти Интер, па наводно Морати е спремен да ги купи неговите 31% акции и да се врати како малцински сопственик во „својот“ Интер.

Морати беше на чело на Интер цели 18 години (1995-2013) и за тоа време миланскиот клуб освои 5 Скудета како и најголемиот успех во својата истрија, тројната круна во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…