Одиграни се десет кола во Серија А, а ситуацијата на врвот на табелата е очекувана. Јувентус е лидер со 28 бодови, а го следат Интер и Наполи со по 22 бода.
Ситуацијата во италијанската лига ја прокоментира поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, кој призна дека Јуве е голем фаворит да дојде до нов наслов иако уште ништо не е готово.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јувентус доминира, но Наполи и Интер исто така играат добар фудбал кој им дава надеж да можат нешто да направат. Мислам дека ова е најсилниот Јувентус на сите времиња, но веројатно и тие ќе изгубат некој бод. Ако се случи тоа, лигата ќе биде уште поинтересна.“ – рече Морати и додаде:
„Фудбалот во Италија е прилично забавен и тоа на стадионот донесува повеќе луѓе за разлика од некои претходни години. Кое е најголемо разочарување? За мене Рома, која продаде некои важни играчи. Милан не го сметам за разочарување бидејќи, реално, од нив не се очекуваше нешто повеќе.“