Алваро Мората денес пристигна во Лондон каде треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да стане нов играч на Челзи.
Мората веднаш после пристигнувањето на аеродромот истакна дека е воодушевен што ќе соработува со Антонио Конте и што ќе игра во најдобрата лига во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова е најдобриот клуб. Антонио Конте е еден од најдобрите тренери на светот и многу сум среќен што ќе работам со него“, истакна Шпанецот и не сакаше да коментира за интересот на Манчестер Јунајтед.
„Англија ја има најдобрата лига во светот и многу сум среќен што доаѓам овде. Разговарав со Аспиликуета и ми рече дека брзо можам да се прилагодам и ми кажа само убави работи за клубот“, додаде напаѓачот.
Челзи за неговиот потпис на Реал Мадрид ќе му плати 80 милиони евра, а Мората ќе потпише 5-годишен договор со актуелниот шампион.