Алваро Мората најверојатно на лето ќе си бара нов клуб, пренесуваат италијанските медиуми.
Мората сака да остане во Јувенус и покрај фактот што неговата минутажа ќе се намали со доаѓањето на Влаховиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, „старата дама“ нема намера да плати 35 милиони евра за откуп на неговиот договор. Мората игра во Торино на позајмица од Атлетико Мадрид.
Мората на лето ќе се врати во Атлетико, но јасно е дека за него нема повеќе место во тимот на Симеоне, па ќе мора да си бара нов клуб.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Арсенал покажува силен интерес и сака да го донесе Шпанецот на „Емирати“.