Шпанецот, Алваро Мората кој сега е играч на Челзи и понатаму е разочаран поради една одлука на неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.
Мората веројатно има измешани сеќавања од времето кога го носеше дресот на Реал Мадрид, но сега откри дека поради една нивна одлука секогаш ќе жали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поради Реал Мадрид морав да го напуштам Јувентус и тоа е одлука поради која ќе жалам засекогаш. Италија е вистинското место за мене, играв во одличен клуб, научив да победувам, станав вистински професионалец, тоа во Јувентус е најважно. Покрај сето тоа таму ја запознав и жената на мојот живот“, зборуваше Мората.
„Не сакав да заминам од Торино, не Реал не сакаше да се откаже од клазулата. Немав избор, морав да се вратам. Во клубот повторно бев третиран исто како и претходно, како дете, како да не сум јас играчот кој со Јувентус во претходните две години освои се и играше во финалето од Лигата на шампионите“, додаде Шпанецот.
Мората ова лето имаше понуда да се врати во Серија А, но во Милан, наводно ја одби оваа понуда поради Јувентус, но од друга страна Челзи во овој момент веројатно за овој фудбалер беше и попрмималива опција.