Бразилецот Рожерио Мораес вчера беше единствениот ракометар на Вардар кој не беше присутен на големата прославата.
Мораес после три години поминати во Скопје си заминува од Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега тој на својот Инстаграм профил прво објави фотографија од пречекот, а потоа сподели и специјално видео со кое се прости од Вардар.
„Благодарен сум на Вардар за овие три години. Благодарам Македонија, довидување“, гласи пораката на Мораес кој беше прогласен за најдобар пикер на турнирот во Келн.
Коментари