Она што беше најавено од страна сите италијански медиуми, сега доби и потврда – Мончи и официјално ја напушти Рома.
Мончи го напушти клубот после серијата лоши резултати, а одлука сега официјално беше соопштена на јавноста, Шпанецот се огласи и на друштвените мрежи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ми беше потребно една секунда го изберам Рим, а ќе биде невозможно да го заборавам ова место. Напред Рома, кратко порача Мончи преку Твитер, па преку Инстаграм испрати подолга порака.
C’è voluto un secondo per scegliere Roma, sarà impossibile dimenticarla.
Daje Roma!
Necesité un segundo para elegir la Roma, será imposible olvidarla
Daje Roma!!https://t.co/TgFnJ5lGp2 pic.twitter.com/BZVAvsXJEH
— Monchi (@leonsfdo) March 8, 2019
Тој порача дека се заљубил во Рим и дека со голема страст и посветеност работел во Рома.
„Знам дека не ги постигнавме посакуваните резултати, затоа понекогаш знаевме и да влеземе во конфликт. Би сакал да им се заблагодарам на луѓето со кои работев тука, сите допринесоа Рома да биде мој дом. Ми беше потребна секунда да го изберам Рим, а ќе биде невозможно да го заборавам. Напред Рома“, напиша Мончи. Ќе потсетиме, Мончи улогата на спортски директор ја превзема летото 2017 година, а навивачите најмногу му замерија што лесно се откажа од Раџа Наинголан, Алисон Бекер, Кевин Стротман…Мончи веројатно очекуваше да пронајде нивни достојни замени, но не успеа во намерата.
Мончи не откри ништо, но се очекува негова следна дестинација да биде екипата на Арсенал.