Дефанзивецот кој ова лето направи трансфер од екипата на Јувентус во редовите на Милан веќе започна да поставува правила во соблекувалната на својот нов клуб.
Леонардо Бонучи веќе е вистински лидер во екипата на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тишина, овде е премногу гласно, мораме да се сконцентрираме и да започнеме со работа“, извикал Бонучи во соблекувалната кон помладите соиграчи.
Искусниот дефанзивец секако тоа го прави за доброто на тимот, тој смета дека еуфорија пред стартот на сезоната во никој случај не е дозволена.
„Морате да бидете професионални. Ако сега бидеме професионални и работиме како што треба ќе бидеме гласни на крајот од сезоната“, додал Италијанецот.
Наводно, од тој момент во соблекувалната завладеала дисциплина и ситуацијата сега е многу поинаква. Едноставно никој немал ниту желба, а ниту авторитет да се спротистави на новиот лидер на тимот.
Бонучи со себе во Милано го доведе и својот нутриционист, ангажираше и личен масер, а на соиграчите им дал и неколку совети кога во прашање е одржувањето на кондицијата.
Веројатно Бонучи е лидерот кој на Милан му недостасуваше веќе подолго време, но навивачите сепак сметаат дека капитенската лета би требало да ја носи Боновентура.