Еден од најталентираните светски фудбалери, Јури Тилеманс од Андерлехт беше на радарот на многу европски гиганти, а од следната сезона ќе игра во Монако.
Медиумите потврдија дека Монако ги договорил сите детали околу трансферот на Тилеманс. Тимот од „кнежевството“ за него ќе плати 20 милиони евра, а Тилеманс ќе потпише договор до 2022 година.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Доаѓањето на Тилеманс значи дека барем двајца играчи од редот за врска ќе го напуштат клубот, се шпекулира дека тоа ќе бидат Бакајоко, за кого интерес покажува Челзи и Манчестер Јунајтед.
19-годишниот Тилеманс е најмладиот капитен во историјата на славниот белгиски клуб, а воедно е најмладиот Белгиец кој одиграл натпревар во Лигата на шампионите.
За Андерлехт има одиграно 130 натпревари, дебитираше во репрезентацијата, а оваа сезона има одличен учинок на 46 одиграни натпревари (18 голови и 12 асистенции).