Дома Фудбал Останато Момчето кое вчера го сруши Реал Мадрид спортот го носи во својот ген

Момчето кое вчера го сруши Реал Мадрид спортот го носи во својот ген

Никола Власиќ популарен во фудбалскиот свет стана откако вчера постигна гол против европскиот шампион Реал Мадрид и донесе победа за ЦСКА Москва (1:0).

Шпанската новинарка на „АС“ Менча Фернандез денес преку кратка биографија и го претстави Власиќ на јавноста во Шпанија. Во нејзиниот текст таа објаснува дека


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Власиќ со вчерашниот гол излегол од сенката на неговата позната сестра, Бланка која е една од најуспешните атлетичарки во Хрватска.

„Беше само прашање на време кога Никола ќе стане вест на денот бидејќи го носи спортот во своите гени. Неговиот татко Јошко беше десетобоец и освои злато на

Медитеранските игри во 1983 година. Сепак, најпознат член на нивното семејството е Бланка која е негова сестра. Таа освои злато во скок во височина на светските првенства во 2007 и 2009 година. Во 2010 година стана европска шампиона, а на Олимписките игри во Пекинг и Рио освои сребрен и бронзен медал“.

„Никола нема такво импресивно сиви, но со 20 години се наоѓа на листата на „Гардијан“ од 40 најдобри фудбалери на таа возраст. Сега постигна гол против Реал и така го направи своето име уште повеќе познато“, пишува Фернандез.

https://www.youtube.com/watch?v=2dyCkXO8oD8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…