После десет одиграни кола во Примера, Реал Мадрид веќе заостанува одум бода зад лидерот Барселона и четири бода зад второпласнираната Валенсија.
Последниот удар Реал го доживеа во Каталонија кога тимот на Зидан доживеа пораз од новајлијата Џирона. Сепак, „кралевите“ повеќе ги загрижува мизерниот учинок на Кристиано Роналдо кој оваа сезона има постигнато само еден гол во Примера.
Сепак, тука не престануваат проблемите за Португалецот бидејќи сега навивачите бараат нова казна поради наводното удурање по лице на противничкиот играч.
Оние кои жестоко протестираат сметаат дека Роналдо со раце го турнал домашниот играч Понс, кој падна на земја, а судијата воопшто не се огласи.
Сега се очекува одлука дали Роналдо ќе добие нова суспензија од дисциплинската комисија, но тешко е да се поверува во такво нешто.